Дестинација-Креација

2 Будни детски претстави во 1 ден
June 9, 2018
Мижи! Замисли промена
August 3, 2018

ЕДНОДНЕВНИ АКТИВНИ ТУРИ ЗА ДЕЦА

Дечињата од Преспанскиот и Кратовскиот регион повторно ќе имаат можност да другаруваат со Буден Театар. Секој ден од 27 до 31 јули 2018 год. во Преспа, и од 4 до 8 август 2018 год. во Кратово, Куклица, Злетово и околината, ќе се организираат еднодневни активни тури наменети за децата, во кои преку креативни активности дечињата ќе имаат можност одново да ги откријат местата од својата околина.

Турите се наменети за деца над 7 годишна возраст, траат по 4 часа и вклучуваат:

  • Истражување на природните убавини и атракции и нивно преоосмислување преку стимулативни игри и креација
  • Придружба од обучени и искусни уметници и фасилитатори
  • Време за одмор и лесна ужина
  • Организиран превоз

Учеството е бесплатно, но пријавувањето е задолжително!

Услов за учество е пријавување на e-mail и писмена согласност од родител за снимање. Сите тури ќе бидат снимани и емитувани. Заинтересираните може да се пријават на следниот mail: trianglesofcooperation@gmail.com, со назнака „Креативно Кратово“ или „Креативна Преспа“, соодветно.

Бројот на деца е ограничен на 20 деца во една тура. Пријавувањето е за една или повеќе тури. Предност ќе имаат пријавените за сите 4 дена.

Креативните тури се продолжение на активностите кои преку проектот „Триаголници на соработка” Буден Театар ги спроведува во Преспа и Кратово. Досега беа спроведени обуки за реализација на креативни програми за деца, реализирани 42 креативни работилници за деца и беа прикажани 6 гостувања на претстави на Буден Театар. Проектот е поддржан од Швајцарска амбасада во Скопје, а локални партнери се општините Кратово, Ресен и Пробиштип, Музејот на град Кратово, Домовите на култура во Кратово и Ресен, основните училишта во с.Крилатица, с.Злетово, с.Крани и с. Подмочани, како и граѓанските организации Акција Плус – Ресен, Изида – Ресен, и Регионален центар за одржлив развој.

ФБ настан Ресен: https://www.facebook.com/events/434909350359080/

ФБ настан Кратово: https://www.facebook.com/events/267610933992671/