ПАЛЕЧКА-МАЛЕЧКА
-куклена интерактивна претстава во движење-инспирирана од Палечка на Х.К.Андерсен
Во некои цвеќиња се раѓаат бебиња. Тоа е тајна.
Потоа бебињата растат. Тоа не е тајна.
На родителите секогаш им се чини пребрзо-пораснувањето.
Бебињата стануваат деца. И пак растат.
На родителите пак им се чини пребрзо-пораснувањето.
На децата им расте телото, косата и љубопитството. Потоа почнуваат да трагаат по принцот/принцезата.
Постојат и лажни принцови и принцези.
Крилата растат само тогаш кога ќе се сретне вистинскиот принц.
Вистинските принцези сакаат палачинки.
Сценарио и режија: Милиана Ленак * Актери: Долорес Поповиќ, Владимир Петровиќ * Гитара и аудио микс: Виктор Гајтаноски * Музика: Виктор Гајтаноски и Милиана Ленак * Сценографија: Јан Тереба и Милиана Ленак * кукли: Милиана Ленак * Анимација: Филип Митров, Бара Ана Стејскалова * Деца актери во видеото: Моира, Јосефина, Лајка * Дизајн на пропагандни материјали: Емилија М.Ставрова * Илустрација на пропагандни материјали: Моира Ленак* Продуцент: Тина Митева * Продукција: Буден Театар
Ова претстава беше премиерно изведена во 2013 г., во рамките на фестивалот Фенер и потоа имаше само 4 изведби. Со поддршка на Министерство за Култура, преку програмата Нов Културен Бран, претставата е обновена , со нова актерска екипа, а стариот добар концепт е збогатен со многу свежи идеи. Претставата беше одиграна во Берово, Св.Николе, Струмица, с.Ерџелија, с.Русиново и с.Вељуса. Премиерата во Скопје ќе биде на 23 Декември, во Мала Станица, од 17 и 19 ч.
Влезниците можат да се резервираат на budenteatar@gmail.com, и да се подигнат непосердно пред претставта.
Цена на влезница за дете: 200 ден. (вклучува и материјали за работилницата која е во склоп на претставата)
Цена на влезница за родител: 150 ден.