Нов Културен Бран: Буден Театар гостува со „Палечка Малечка“ во Источна Македонија

IMAGINATION TRAINING AT NOVA INTERNATIONAL SCHOOLS
September 23, 2017
НОВ КУЛТУРЕН БРАН: БУДЕН ТЕАТАР ГОСТУВА СО „ПАЛЕЧКА МАЛЕЧКА“ ВО СКОПЈЕ
December 18, 2017

Почнувајќи од 24.11.2017, петок, до 27.11.2017, понеделник, Буден Театар ќе гостува во 3 градови и 3 села во Источна Македонија со претставата „Палечка Малечка“. Во рамките на Новиот Културен Бран, во претставата ќе можат да уживаат децата од Свети Николе, Берово и Струмица, како и од с.Ерџелија, с.Русиново и с.Вељуса.

„Палечка Малечка“ е авторскиот проект на Милиана Ленак, според Х.К.Андерсен. Во обновената верзија на претставата улогите ги играат Долорес Поповиќ и Владимир Петровиќ, придружувани од Виктор Гајтановски со авторската музика во живо.

Палечка има само десет години, но веќе се обидува да се избори за сопствената самостојност пред својата премногу загрижена мајка. Таа има прочитано многу приказни за принцови, и верува дека е време да тргне во потрага по сопствениот принц. Со помош на својот пријател-ластовицата, таа успева да „одлета” од дома, и наскоро среќава еден принц… но, тој всушност е само жаба. Истото се случува и со бумбарот, а потоа и со кртот. И кога Палечка е на раб да се откаже од потрагата, таа се изненадува од неочекувано откритие.

Оваа необична интерактивна претстава ги вклучува децата од почетокот до крајот. Започнува со работилница на која децата своерачно создаваат кукли-самовили, кои пак во последната сцена се дел од вилинското кралство. Во текот на претставата децата садат семчиња, од кои никнуваат нивните мечтаени цветови, и превземаат различни улоги на ликови, кои Палечка ги сретнува во текот на нејзиното неверојатно патување.