Отворен повик за менторска програма при проектот „Триаголници на соработка“

„Триаголници на соработка“
January 22, 2018
2 Будни детски претстави во 1 ден
June 9, 2018

Сакам да придонесам кон позитивна промена во мојата заедница. Сакам да се изразувам креативно.
Сакам да работам со деца.
Ако се пронаоѓате во овие изјави Буден Театар нуди одлична можност за вас – Менторска програма во полето на култура наменета за млади и деца, во рамки на проектот „Триаголници на соработка“, поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија/Швајцарската агенција за развој и соработка.

Аплицирајте ТУКА.

Менторска програма
Менторската програма, дел од проектот „Триаголници на соработка“, вклучува низа на активности насочени кон подобрување на културната понуда за деца. Со времетраење од фебруари до август 2018, активностите се поделени во три дела. Програмата е бесплатна и ќе биде реализирана на македонски јазик.
Обработувајќи специфични теориски и практични аспекти поврзани со организација на културни програми наменети за деца, учесниците во менторската програма, ќе добијат можност самите да спроведуваат активности стекнувајќи искуство кое во и иднина ќе можат да го применат и да придонесат кон долготрајни промени во својата средина.
Менторските сесии ќе се одвиваат во градовите Кратово и Ресен, додека практичните задачи ќе бидат спроведувани во сите шест одбрани локации.

Деталниот опис на активностите предвидени во менторската програма и временската рамка можете да ги најдете на следниот линк

Кој може да земе учество?
•Лица кои живеат на територијата на градовите Кратово и Пробиштип, с.Куклица, с.Злетово; градот Ресен и с.Претор, с.Љубојно
•Заинтересирани за работа со деца, креативни, тимски ориентирани, со добри организациски и комуникациски вештини
•Мотивирани да придонесат кон позитивна промена во својата заедница
•Слободни да ја следат програмата континуирано

Што нуди менторската програма?
•Можност да се здобиете со ново знаење во полето на организирање културни активности, преку директна работа со тимот на Буден Театар
•Можност самите да организирате настани, креативни работилници, театарски претстави
•Можност да ги развиете вашите креативни вештини, организациски и комуникациски способности
•Можност да направите промена во вашата заедница
•Сертификат за учество
•Симболичен финансиски надомест за активностите предвидени во вториот и третиот дел од менторската програма

Како да аплицирате?
•За да се пријавите за учество во менторската програма потребно е да го пополните формуларот за апликација, достапен на следниот линк.
•Крајниот рок за поднесување на апликацијата е 19.2.2018.
•Во процесот на селекција ќе биде вклучено и онлајн интервју.
•Селекцијата ќе ја прави тимот на Буден Театар.
•За резултатите ќе биде известени по пат на Е-маил, најдоцна до 21.2.2018.

Доколку имате потреба од какви било дополнителни информации, обратете се на trianglesfocooperation@gmail.com или на телефонот 072213035.