“Писмо Некому” во Кино Култура

PROJECT “CHILDREN IN FOCUS” IN APRIL
May 1, 2017
ФЕНЕР. Поддржете ја неговата реализација, затоа што децата се важни!
May 14, 2017

20 и 21 мај од 17:30 во Кино Култура ќе може да ја погледнете нашата претстава “Писмо Некому”.

Претставата “Писмо некому” ја раскажува приказната за осаменото китче, кое почнува да зема часови по пишување кај морскиот учител-албатросот, со цел да напише писмо со кое да покани некого да му дојде во посета. Приказната за китчето ја споделуваме користејќи интерактивн пристап и многу хумор. Децата стануваат дел од дејствието и оние кои ќе му помогнат на китчето да ја надмине својата осаменост.

На создавањето на претставата и претходеше процес на креативни работилници кои екипата на Буден Театар ги спроведе со децата од О.У.Кочо Рацин-Скопје, како и со децата бегалци сместени во Т.Ц.Табановце. Работилниците се снимаа и потоа како своевидни видео писма се проектираа меѓу двете групи деца за да воспостават комуникација, и покрај тоа што средби не беа возможни. Дел од овие видеа се вклучени во самата претстава. Како основа за работилниците а подоцна и за самата претстава се користени приказните од книгата “Писма Некому и Никому” на реномираниот холандскиот автор за деца Тон Телехен. Осаменото китче е симбол за децата бегалци, кои изолирани и осамени живеат во беагалските кампови. Оваа претстава претставува апел за похумен третман и општествена интеграција на бегалците.

Карти во продажба