Работилница за дизајн во куклениот театар „Детска светлина”

FENER 2017 IS HERE
June 12, 2017
Програма ФЕНЕР 2017
June 13, 2017

Во рамките на четвртото издание на Фенер 2017, како дел од програмата за професионална надоградба, ќе се одржи работилница за дизајн во куклениот театар со Грета Клоу.  Грета Клоу е дизајнер, актер и режисер за куклен театар, по потекло од САД, која во моментов создава и живее во Исланд.

Во текот на работилницата, учесниците ќе поминат низ процес на создавање на кукла, поминувајќи забрзано низ сите фази на процесот: креирање на визуелен и карактерен концепт, план на можностите за движење на куклата, технички цртеж, избор на материјали, реализација. Куклите ќе се работат според однапред зададената тема „Детска светлина”.

Последниот ден од работилницата е планиран за поставување на изложба со изработените кукли во просторот на фоаjето на МОБ.

Работилницата е наменета за лица над 16 години. Работилницата е бесплатна, се наплаќа котизација за материјали и алат во висина од 800 ден.

Работилница за дизајн во куклениот театар „Детска светлина”:
16 јуни 15.00 – 18.00
17 јуни 15.00 – 18.00
18 јуни 10.00 – 11.00

Пријави на budenteatar@gmail.com