„Триаголници на соработка“

МЕЃУ НАС претстава на Милиана Ленак инспирирана од делата на Ване Костуранов – COMING SOON
January 18, 2018
Отворен повик за менторска програма при проектот „Триаголници на соработка“
January 22, 2018

„Триаголници на соработка“ е проект на Буден Театар поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија/Швајцарската агенција за развој и соработка, кој ја истакнува потребата од подигање на фрeквентноста и квалитетот на културните содржини наменети за деца во помалите урбани и рурални области.

Проектот воведува одржлив модел на соработка град-село-град, кој ќе биде тестиран во два одбрани „триаголници“: Ресен-Љубојно-Претор, и Кратово-Злетово-Куклица, со што ги поттикнува заедниците да споделуваaт ресурси и капацитети во планирање, организирање и спроведување на културни програми за деца.

Проектот е фокусиран и на подигање на професионалните капацитети на локалната младина, нудејќи 6 месечни обуки од областа на продукцијата на културни содржини наменети за деца, како и директна креативна работа со деца.

Веруваме дека триаголниот модел на соработка ќе се покаже како успешна алатка во зголемувaње на достапноста на културата до сите деца во Македонија без оглед на нивното место на живеење. Се надеваме дека овој модел ќе биде применет и во други места ширум Републиката, што ќе резултира со многу нови колаборативни културни содржини за деца.

Период на реализација:
декември 2017 – ноември 2018 година

Проектни активности
Подготвителен форум во Скопје
Менторска програма, поделена во 3 дела, во која се опфатени теориски и практични аспекти на креирање културни програми за деца: организација на настани, спроведување на креативни работилници и реализација на детски претстави
Гостувања на Буден театар со свои театарски претстави на сите 6 локации
Креативни работилници за деца
Летни театарски тренинзи за деца
Театарски претстави на отворено креирани од децата
Снимање и продукција на документарен филм
Завршен настан во Скопје