ФЕНЕР. ПОДДРЖЕТЕ ЈА НЕГОВАТА РЕАЛИЗАЦИЈА!

Претставата “Меѓу нас”. ФЕНЕР 2017.
May 24, 2017
ИнспириГра во недела 28.5. последна ИнспириГра за сезоната
May 27, 2017

Тимот на https://letsfundit.mk/ ни направи прекрасен подарок! Ни даруваа додатни денови за да имаме можност да стигнеме поблиску до нашата цел. Сега наместо два имаме уште цели 7 дена до крајот на кампањата – 3.6. 2017. Дарувајте!

„Фенер“ е меѓународен фестивал за детски театар, кој во продукција на Буден Театар досега реализираше три успешни изданија. На светско ниво, театарот за детска публика е во постојан подем што резултира со иновации, кои ја рашируваат перцепцијата за она кое денес спаѓа под оваа уметност. Водени од идејата дека протокот на информации е клучен за Македонија да биде во тек со новите светски тенденции во детскиот театар…

Четвртото издание на ФЕНЕР-меѓународниот фестивал за детски театар ќе се случи од 16-18 Јуни. Поддржете ја неговата реализација, затоа што децата се важни!