Писмо некому

THUMBELINA
November 12, 2013
Show all

Писмо некому


Има едни деца што живеат зад жичената ограда небаре се тие виновни што во нивната татковина беснее војна. Има и други деца, кои, за среќа, за војните слушаат само на телевизија, но телевизорот понекогаш им кажува грди и невистинити нешта за одредени групи луѓе. Ние решивме да си играме поштари помеѓу едните и другите деца. Сакавме да дознаат повеќе едни за други и, пред сѐ, да знаат дека не се сами. Писмата што ги носевме понекогаш беа вкусни и слатки, а другпат милозвучни. Претставата се роди патем, сама од себе, како и пријателството меѓу децата. Приказните на Тоон, пак, беа со нас отсекогаш, раскажувајќи ни умешно не само за веселите нешта, туку и за тагата, осаменоста, изолираноста, зашто децата не се поштедени од тие состојби.